Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Филипче: За првпат обезбедена е орална терапија за пациентите со ретката болест Гоше

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово се обрати на настанот посветен на 1 октомври – Интернационалниот ден на Гоше. Во своето обраќање, Филипче истакна дека од пред неколку денови за првпат достапна е оралната терапија за пациентите со ретката болест Гоше, покрај инфузионата терапија, со која значително се олеснува начинот на примање на терапијата.

„Чест ми е што утрово заеднички го одбележуваме Интернационалниот ден на Гоше. Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија води вистинска грижа за пациентите со ретки болести, меѓу кои и за пациентите со ретката болест Гоше. Од оваа година достапна е оралната терапија за пациентите со ретката болест Гоше, покрај инфузионата терапија. Со оралната терапија значително се олеснува начинот на примање на терапијата и пациентите не мора да ја примаат во болнички услови“, потенцираше министерот Филипче.

За две години воведени се 5 нови лека и значително е зголемен буџетот за ретките болести.

Од Министерството за здравство нагласуваат дека со програмата за ретки болести се овозможува континуитет на активностите кои државата ги презема за набавка на медицинска терапија за лекување и третман за пациентите со ретки болести. Согласно најавите, со програмата за лекување на ретки болести во 2019 година ќе бидат набавени вкупно 31 лек за пациентите со ретки болести.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +

Министерство за транспорт: Во дијалог со Европската Комисија се операционализираат решенијата соодветно на барањата на македонските превозници

C +