Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Убиство во Македонија: Маж избоден до смрт од сопругата во дворот од семејната куќа

Семејна драма утрово завршила трагично во Кочани, дознава Сител.

Според неофицијални информации на Сител, по расправијата која настанала помеѓу сопружниците, жената до смрт го избодела нејзиниот сопруг во дворот од семејната куќа.

Со тешки телесни повреди и голем број исекотини се здобила и сопругата која со возило на Итната медицинска помош од Кочани била пренесена во штипската клиничка болница.

Од СВР Штип за Сител велат дека во тек се проверките и јавноста ќе ја информираат веднаш откако ќе имаат информации за случајот.

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +