13.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Групна тепачка пред скопски локал – момче заврши на Клиника

Момче заврши во болница по физичка пресметка меѓу неколку лица во Скопје, информира МВР.

Синоќа во 03:50 часот во Полициска станица Аеродром било пријавено дека во близина на угостителски објект на ул. Анастас Митрев, дошло до физичка пресметка помеѓу К.Д.(28), Ф.С(32) и М.З.(34) од една страна и К.А.(30), Н.А(24), А.Д.(38), С.Т.(23) и Н.Ф.(27) од друга страна, сите од Скопје, кои биле под дејство на алкохол.

Како што информира МВР, причина за физичката пресметка била претходна расправија. Ф.С. бил пренесен во Комплексот клиника „Мајка Тереза’’ за укажување на лекарска помош. Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Спонзорирано: