Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Бундестаг: Безусловен почеток на преговори со С. Македонија, серија услови за Албанија

Во предлог-одлуката за Албанија, не само што се наведени серија услови за одржување на првата, а потоа и на втората меѓувладина конференција туку се вели дека при подоцнежен почеток на преговорите со Тирана во предвид ќе се земе и способноста за прием (на нови членки) на ЕУ. Во предлог-документот за С. Македонија нема таква реченица, јави 360 степени.

Споредбата на предлог-одлуките за Северна Македонија и за Албанија што вечерва треба ги донесе Бундестагот покажува дека кај владејачките партии во Германија постои согласност дека земјава безусловно треба да добие датум за почеток на преговори на Европскиот Совет на 17 и 18 октомври додека од Албанија, за старт на преговори, се бара завршување на серија задачи.

Во предлог-одлуката за С. Македонија пишува дека Бундестагот дава согласност за германската влада на следниот Европски Совет да биде „за“ отворање пристапни преговори со земјава. Притоа нема никакви дополнителни услови до почетокот на преговорите.

Целата вест прочитајте ја на 360 степени.мк

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК