Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Русија ги отвора границите за Македонските државјани: Барање за бесплатна виза за патување ќе може да се поднесе по електронски пат

Од први октомври Македонците ќе можат да одат во Санкт Петербург со електронска виза, соопштија од руската амбасада во Македонија.

На твитер-профилот на амбасадата стои дека отсега ќе биде потребно само да се аплицира онлајн најмалку 4 дена пред патувањето и дека нема потреба да се оди во амбасадата. Исто така, целата процедура е бесплатна.

Така, кога ќе патувате, ќе биде потребно да пополните апликација, да добиете електронска виза, да ја испечатите или да ја преземете на мобилниот и на крајот да им го покажете известувањето на вработените во транспортната компанија и на службениците од граничните служби.
Повеќе детали може да прочитате на овој линк.

Можеби ќе ве интересира

Лажни дојави за бомби во училишта во Скопје и Тетово

C +

МНР со апел: македонските државјани кои се наоѓаат на територијата на Мексико да го напуштат во првата безбедна прилика

C +

Речиси 5.000 прекршоци регистрирани со „Безбеден град“ за една недела, најмногу за брзо возење

C +