Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Советникот на ВМРО-ДПМНЕ Јованчев е фатен во незаконски активности, да си поденсе оставка од Советот на Општина Кавадарци, обвинија од СДСМ

Интегрално ја пренесуваме прес конференцијата на Вуко Мелов член на Извршен Одбор на СДСМ Кавадарци:

ВМРО-ДПМНЕ тоне во криминал и корупција на сите нивоа во своите структури, почнувајќи од највисоко па се до најниско ниво.

Таков е и примерот за претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Зоран Јованчев.

Учејќи веројатно од раководните структури на ВМРО-ДПМНЕ за кои се водат еден куп на постапки и обвиненија за разни злоупотреби, по тие стапки тргнал и Зоран Јованчев.

Имено претседателот на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ од Кавадарци Зоран Јованчев по пријава од страна на граѓани, е фатен на лице место како краде вода за пиење од изворот Лукар, за наводнување на својот лозов насад во Ваташа.

Станува збор за лозов насад со број на парцела: 2126, со големина од 4.281 м2, кој Зоран Јованчев години наназад нелегално го наводнувал.

Човекот кој глуми “загрижен” лозар само кога неговата политичка партија е во опозиција, не само што не го штити јавниот интерес и јавните добра, туку истите ги злоупотребува за сопствени цели.

Почитувани сограѓани,

Ова е последен од низата примери за неодговорно и незаконско однесување на членови на ВМРО-ДПМНЕ.

Ги повикуваме надлежните институции да спроведат темелна и ефикасна постапка за да се дојде до разрешница на овој случај.

Со ваквото однесување, Јованчев покажа дека не е достоен да биде советник и да ги застапува интересите на граѓаните.

Јованчев мора да си поднесе оставка од Советот во општина Кавадарци, а потоа низ отворена, законска и транспарентна судска постапка да одговара за своите дела.

https://facebook.com/story.php?story_fbid=2504337532989830&id=121687454588195

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК