Секогаш во средиштето на збиднувањата...

Чувствувате негативна енергија? Исчистете го домот од негативна енергија – еве како!

Чувствувате негативна енергија и нервоза од која со денови не можете да се решите? Важно е да знаете дека домот мора да биде уреден и чист за во него да владее позитивна енергија. Ако се чувствувате исцрпено или тешко наоѓате работи низ дома, тоа се некои од знаците дека е време да го исчистите просторот во кој живеете.

Прво што треба да направите е да ги исфрлите непотребните работи и да го средите нередот.

Слушајте музика

Позитивната духовна музика со својот ритам и силните пораки влијае на начинот на кој негативната енергија исчезнува. Таквата музика е добра, не само за нашиот простор, туку и за душата бидејќи буди позитивни мисли и емоции.

Решете се од старите и непотребни работи

Постојат верувања дека застоената енергија е заробена во старите предмети, особено ако ги имаме многу. Некои предмети од минатото се уште може на себе да имаат емоции кои сте ги чувствувале кога сте ги користеле, како тага, депресија, лутина… Затоа ослободете го вашиот дом од таквите предмети.

Исфрлете ги оштетените предмети

Посебно се советува од домот да се исфрлат сите оштетени предмети, како чинии, шољи…

Боите во домот

Внесете бои во својот дом. Жолтата боја по фенг шуи во домот внесува подобри услови за живот, а црвената долга и среќна врска. Портокаловата боја е идеален избор ако сакате да внесете топлина и радост во секојдневниот живот.