Centar.mk
БИЗНИС

Нови цени на горивата од утре

Регулаторна комисија за енергетика утре напладне ќе ги соопшти новите цени на горивата, кои ќе важат од полноќ.

Со последната промена минатата недела цените на бензинот и дизелот се зголемија.

Малопродажната цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се зголеми за 0,50 ден/лит во однос на цената утврдена со Одлуката од 10.09.2019 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 69,50 ден/лит. Малопродажните цени на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95, на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се зголемија за 1,00 ден/лит во однос на цените утврдени со Одлуката од 10.09.2019 година, и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 67,50 ден/лит, малопродажната цена на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 62,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 52,50 ден/лит.

Останува утре да видиме дали не очекува намалување или уште едно зголемување на цените.

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК