На 14.11.2026 во 15:20 часот на експресниот пат Радовиш-Штип, крстосница за село Бучим, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш лишија од слобода 34-годишен жител на Радовиш. При контрола на патниот сообраќај со радар, полициските службеници констатирале дека тој управувал патничко возило „ауди“ со хрватски национални ознаки со брзина од 166 километри на час, на место каде со сообраќаен знак брзината на движење е ограничена на 80 километри на час. Воедно, од преземените мерки е утврдено дека го управувал возилото за време на забрана за управување со моторно возило. Возилото е одземено, а по документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава по член 297а – „безобѕирно управување со моторно возило“.


