Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сообраќајна несреќа меѓу два камиона и велосипед, повредено едно лице

Велосипедист од Струмица е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улицата Климент Охридски во Струмица. Несреќата се случила помеѓу товарно возило „фолксваген Л80“, управувано од Р. С. (33) од Штип, товарно возило „волво ФЛ 280“, управувано од М. А. (23) од Струмица, кој се обучувал од автошкола, и велосипед управуван од Н. К. (37) од Струмица.

Во незгодата тешки телесни повреди добил велосипедистот и бил пренесен во Медицинскиот центар во Струмица за укажување лекарска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Голема акција на полицијата: Фатени 70 моторџии и возачи на тротинети

ДЕСК

Обид за убиство во Шишево: Побаран притвор за две лица

ДЕСК

АЛКОХОЛ СЛУЖЕН НА МАЛОЛЕТНИЦИ: Полицијата приведе две лица по контрола во угостителски објект

ДЕСК