Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Шилегов: Попладне дојдете на „Рекорд“, улицата ќе биде пешачка зона

Градоначалникот Шилегов ги поканува граѓаните на големата Велофиеста што ќе се одржи попладнево на улицата Димитрија Чуповски, кај „Рекорд“, како дел од одбележувањето на Европската недела на мобилност 2019. Улицата Димитрија Чуповски денеска од 18 часот ќе биде затворена за сообраќај, а од 19 часот на нејзиниот коловоз ќе се организира дружење и забава на отворено, со освежување и содржини за деца.

,,Дојдете заедно да го почувствуваме отворениот простор и да видиме како ќе изгледа Малиот Ринг во иднина, ослободен од моторизиран сообраќај. Донесете ги и своите деца, ќе има многу забавни содржини и за нив и за возрасните”, вели Шилегов.

Активностите на Европската недела на мобилност 2019 кои се посветени на алтернативните форми на транспорт се организираат под мотото „Пешачи со нас“. Партнер на Градот Скопје во реализацијата на овој проект е здружението на граѓани „Македонски зелен центар“, а во организирањето на многубројните активности ќе учествуваат и Делегацијата на Европската Унија, Министерството за животна средина и просторно планирање, неколку скопски општини, средните училишта и центрите на култура на Град Скопје, GIZ, Црвен крст, МВР, ЈСП, Републички совет за безбедност во сообраќајот, Македонска велосипедска федерација, Цементарница Титан, како и повеќе здруженија на граѓани, меѓу кои Прв до врв, Еко свест, Еко логик, Go green, Смарт Ап, Електромобилност и други.

Можеби ќе ве интересира

ЗЕМЈОТРЕС ОД БУДИМПЕШТА: Идниот премиер најави дека ќе го испорача Никола Груевски во Македонија!

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК