Заменик претседателката на СДСМ придружувана од генералниот секретар Љупчо Николовски и секретарот за меѓунардона политика Дане Талески се сретна со претседателот на Партијата на европските социјалисти (ПЕС) и европратеник Сергеј Станишев.
Во заедничка изјава по средбата Шекеринска и Станишев се осврнаа на актуелни теми, процесот на реформи, како и поддршката што ПЕС со години ја дава на Република Северна Македонија во процесот на интеграција во ЕУ.
„Констатиравме дека нашата држава во последните две години, направи џиновски чекори напред во поглед на исполнување на герациската цел – членство во ЕУ и членство во НАТО. Договорите што ги постигнавме со Бугарија, а потоа и со Грција, но и крупните промени на домашен план во делот на слобода на медиуми, човекови права, контрола на власта, транспарентност на Владата, беа чекори што нашата држава за покажаа во ново и сосоема поевропско светло. И како резултат на овие крупни промени, успеавме да бидеме на чекор до членството во НАТО и се надеваме, многу брзо и држава која ќе ги почне преговорите за членство во ЕУ. Го чекаме октомври со голема доза на амбициозност и оптимизам и ни беше задоволство и денеска што чувме дека Социјалистите и Демократите во Европскиот парламент, силно ќе ја поддржат одлуката ЕУ да започне преговори со Република Северна Македонија, истакна заменик претседателката Шекеринска.
Претседателот на ПЕС, Станишев, посочи дека Партијата на европските социјалисти настојува во октовмри ЕУ да донесе одлука за започнување на преговри со Република Северна Македонија.
– Драго ми е што денес, по две и пол години владеење на СДСМ можам да видам какви се промени се случуваат во вашата држава. Историскиот договор со Грција и договорот за добрососедство со Бугарија се многу важни чекори напред кон членството на Република Северна Македонија во ЕУ. Вие сте многу добар пример за изнаоѓање на дијалог со соседите, со цел подобра иднина која е поврзана со ЕУ и европската иднина на целиот регион. Но животот на граѓаните, зависи од секојдневието, од висината на нивните приходи, од социјалната грижа, од чувството на праведливост и ред и закон, никој да не е над законите и затоа ги поддржувам големите заложби на Владата за социјален развој, да се покачат минималната и просечната плата, како и многуте работи што се направија за младите да ја гледаат својата иднина овде во сопоствената држава и сето тоа заслужува големи признанија, посочи Станишев.
Шекеринска и Станишев заеднички истакнаа дека добрата соработка и поддршка од страна на Партијата на европските социјалисти ќе се интензивира во интерес на регионалните односи и иднината на Република Северна Македонија во ЕУ.