Centar.mk
БИЗНИС

(Видео) Колемишевски: Според „Херитаџ“, нашата држава е најслободна економија во регионот

Последниот показател за успешноста на економските реформи е растот на извозот во првите седум месеци од годинава кој е за 14,5 отсто поголем во однос на истиот период од 2018 година. Успесите во економијата се и меѓународно признати, изјави Кирил Колемишевски, претседател на Комисијата за економија на СДСМ.

„Според Индексот на економски слободи за 2019, објавен од фондацијата ‘Херитиџ’ државата е рангирана на 33. место во светот според индексот на економски слободи за 2019 година. Со тоа, нашата држава е најслободна економија во регионот.

При рангирањето, Индексот зема предвид четири фактори: владеење на правото, јавното трошење, регулаторна ефикасност и отвореност на пазарот. Нашата држава е оценета како макроекономски стабилна, а треба да се работи повеќе на фискалната политика, непродуктивните трошења и сивата економија.

Како одговорна партија сериозно ги сфаќаме и критиките на „Херитиџ“. Затоа, со политиките што веќе се имплементираат ќе се зајакне системот на спроведување на законите и подобрување на состојбите во адресираните прашања.

Продолжуваме посветено да работиме на спроведување на политиките што обезбедуваат економски раст и развој, зголемена конкурентност и стопанство ослободено од политички притисоци. Градиме развојна економија што отвора шанса за сите“, истакна Колемишевски.

Можеби ќе ве интересира

Flydubai повторно гo поврзува Скопје со Дубаи и пошироко

ДЕСК

НБРМ кажа од кога ќе се врши исплата на средства за граѓаните без платежни картички во главната филијала во Битола на АЛТА банка

ДЕСК

ДОГОВОР ЗА ТРГОВИЈАТА СО ХРАНА – Британија и ЕУ ги усогласија деталите за помалку гранични проверки

ДЕСК