20.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Скопје стана касапница на кучиња скитници

„Еден од главните проблеми на Град Скопје е со кучињата скитници. Од една страна Градот има нехуман третман кон животните, од друга, таквиот ригиден и нехуман третман се враќа со низа проблеми за граѓаните. Шилегов 2 години нема решение за кучињата скитници. На почетокот на својот мандат тој изјави дека ‘Вардариште’ е минато. Вети и дрско излажа“, се вели во соопштението на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје.

Според нив, во својата програма за градот Скопје вети нов стационар со европски стандарди.

„Нема ниту ‘с’ од нов стационар за Шилегов. По 2 години власт на Шилегов, епилогот е Скопје касапница на кучиња скитници, нехуман третман кон животните и преплашени граѓани. Грозоморниот чин со убиените кучиња во Аеродром е доказ за капитулацијата на Шилегов и неговиот неуспех во справувањето со овој акутен проблем. Наместо евтин ПР на возење тротинет низ градот, Шилегов да ги засука ракавите и веднаш да дејствува. Наместо модерна метропола, Шилегов го претвори Скопје во касапница од 16 век.
Доколку Шилегов, наместо крадоначалник, беше вистински градоначалник, ќе го решеше проблемот со кучињата скитници. 2 години крадоначалник Шилегов, 2 години лаги, криминал и неработа“, се додава во соопштението.

Спонзорирано: