Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нуредини се сретна со косовскиот колега Матоши

Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини, денеска во Приштина се сретна со министерот за животна средина и просторно планирање на Косово, Фатмир Матоши. Во изјавата дадена на медиумите по состанокот, министерот Нуредини изјави:

„Се надевам дека од оваа средба ќе излеземе со низа иницијативи за плодна соработка меѓу двете соседни земји, затоа што јас верувам, а сите ќе се согласиме – животната средина не знае за граници“, изјави Нуредини по состанокот.

Министерот Нуредини нагласи дека Република Северна Македонија и Република Косово ги делат речиси истите проблеми со животната средина, загадувањето на воздухот, управувањето со отпадот, водата, природните ресурси, итн., и ја искажа својата длабока убеденост дека соработувајќи во правилното менаџирање со заедничките проблеми од областа на животната средина, стануваме уште поблиски како соседи, гледаме колку имаме заедничко и колку поголем бенефит имаме работејќи во партнерство. На крајот Нуредини изрази надеж за успешна идна соработка.

Можеби ќе ве интересира

Утре врнежи од дожд а на планините снег

C +

Димитријевиќ: Власта нема допир со реалноста како живее едно семејство, арогантно одбива да ги покачи платите

C +

Бислимоски го информирал Собранието за оставката, РКЕ му се заблагодарува за долгогодишната соработка

C +