8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
АВТО ЦЕНТАР

Изгледа познато? Не е Мерцедес! Ова е кинеска копија и се продава за смешна цена (Фото)

На кинескиот пазар пристигна долго најавуваната Senova CC, модел кој официјално е откриен пред три години.

На познавачите на автомобили името Senova не им значи многу, но станува збор за бренд на еден од најголемите кинески автомобилски концерни – Beijing Auto.

Senova е позициониран како луксузен бренд благодарение на фактот што ја користи техниката и платформата на поларниот шведски произвесувач Saab.

Автомобилот со должина од 4735 мм изгледа сјајно, украсен со спортски детали, иако очигледно на дизајнерите како инспирација им послужил Mercedes C класа.

Базната верзија ја покренува 1,8 литарски кинески турбобензинец со сила од 177 КС.

Техничкиот пакет е модерен, со диск сопирачки на сите тркала, задна мултилинк осовина, но голем недостаток е што моторите исполнуваат само Еуро 4 и Еуро 5 норми.

Базната верзија на Senova CC е богато опремена, помеѓу другото има ЛЕД дневни светла, клима, електро пакет, старт-стоп прекинувач, алуминиумски фелги, а чини 99.800 јуани, односно 12.500 евра.