9. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
НАПРАВИ САМ

Нека вашата облека повторно изгледа како нова: Со овој трик заборавете на скапите отстранувачи на дамки

Колку често поради невнимание ќе го извалкаме нашето најдраго парче облека? Потоа користиме разни хемикалии кои, освен што не се ефикасни, се и штетни по здравјето.

Со овој генијалент домашен отстранувач на флеки повеќе не морате да размислувате за тврдокорните дамки!

Состојки: 1/2 чаша сода бикарбона, 1 чаша врела вода, 1/2 чаша 3% хидроген

Подготовка: Содата ставете ја во малку поголем сад, а потоа прелијте ја со врела вода, добро измешајте за целата сода бикарбона да се раствори, а потоа оставете ја смесата да се излади. Во изладената смеса додајте хидроген, и сè заедно ставете во празно шише со распрскувач.

Земете парче облека на кое има флека и добро натопете го со добиената смеса и оставете неколку часа да делува. Потоа исперете на вообичаен начин. Дамките ќе исчезнат!