Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Расправата за „Титаник 3“ одложена по барање на СЈО

По барање на Специјалното јавно обвинителство поради преземање на предметите од СЈО во ЈО, денешната расправа за случајот „Титаник 3“ беше одложена.

„Непријатна е ситуацијата во која дојдовме. По прв пат СЈО бара одлагање на судското рочиште. Познато ни е дека во тек е постапка за предавање на предметите до Јавното обвинителство. Со самото тоа предметот е во надлежност на републичкото обвинителство од каде треба да одлучат кој ќе го води предметот“, рече Фетаи.

На прашање на претседателката на Советот, Марија Клетничка која го води случајот дали одбраната ќе се произнесе за ова барање на СЈО, адвокатите на обвинетите Ејуп Алими и Исмет Гури се насмеаа на што обвинителката Фатиме Фетаи им одговори: „Не се смејте толку може пак јас ќе го водам предметот“.

Предметот „Титаник 3“ се однесува на уништување на изборен материјал, а обвинети се координаторот на пратеничката група на ДУИ, Ејуп Алими и Исмет Гури, член на Општинската изборна комисија за општина Чаир.

Можеби ќе ве интересира

Од денеска со Б категорија може да се управува мотоцикл до 125 cm³, но само со задолжителна четири часовна претходно помината теоретска обука

ДЕСК

Јаневска: циркуларната економија нуди одговор на бројни општествени и глобални предизвици, се заложуваме за проширување на концептот преку образовните установи

ДЕСК

Одлична можност за младите, објавен е Конкурс за запишување студенти/питомци на Воената академија

ДЕСК