Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Дескоска: Законот за СЈО е потребен поради Стратегијата за реформи во правосудството

Министерката за правда, Рената Дескоска, рече дека донесувањето на законот за јавното обвинителство не е нужен заради продолжување на предметите на СЈО, но е потребен заради обврските од Стратегијата за реформи во правосудниот систем.

„Можеби носењето на Законот веќе не е нижно заради продолжување на предметите на СЈО, но е потрбен заради исполнување на обврските од Стратегијата за реформа во правосудниот систем“, рече Дескоска.

Таа истакна дека предметите на СЈО ќе имаат завршница и дека целосно се тргнала можноста за какво било негативно влијание од начечното правно мислење на Врховниот суд.

На настан во Јавното обвинителство, каде што беше Дескоска, беше соопштено дека 20 месеци ќе се спроведува проект за јакнење на истражителските центри во државата.

Во Јавното обвинителство беше презентиран проект поддржан од германска финдација и Министерството за правда на Хрватска, на која што беше објавено дека ќе се јакнат капацитетите на истражителите, за борба со криминалот и корупцијата.

Министерката Дескоска рече дека нема брза и ефикасна правда без истражни центри: „Тие се очите и ушите на обвинителите“.

Можеби ќе ве интересира

ПЕТОК И САБОТА ПОМИРНИ, НЕДЕЛА СО ПРЕСВРТ: Се враќа нестабилното време

ДЕСК

ПРЕД ДА ОДИТЕ ПО ПАСОШ ИЛИ ЛИЧНА КАРТА: МВР објави што не треба да носите

ДЕСК

Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 14 возеле без дозвола, од кои еден малолетник, еден со активна забрана и еден без дозвола и под дејство на алкохол

ДЕСК