Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ВМРО-ДПМНЕ: Боки 13 веќе два месеци е во притвор, а не е повикан на распит

Истекуваат два месеци откако Боки 13 е во притвор, а тој сѐ уште не е повикан на распит, велат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение и прашуваат што е она што го знае Боки 13, а од кое што обвинителката Вилма Русковска и премиерот Зоран Заев се плашат.

„Единствено што ЈО прави е развлекување на истрагата за да биде заборавена во јавноста аферата Рекет. ЈО молчи и за случајот објавен во медиумите, во кој се вели дека високи функционери на УБК со чувствителни материјали рекетирале бизнисмени. Тоа значи директно и на втора институција, после СЈО во незаконски дејствија“, нагласува ВМРО-ДПМНЕ.

За сето време, додава опозициската партија, Катица Јанева продолжува да командува со имституцијата преку која го вршела кривичното дело.

„Несвојствено е ЈО за осомничен кој извршил такво дело да не побара одалечување од службата. Русковска молчи и за наредбите на Јанева од притвор, која ѓу командува на нејзиниот шеф Јовески, а се наоѓа зад решетки заради злоупотреба на службена положба и овластување. Апсурд до апсурд. Ваков правен систем не постои никаде во светот. Ова не е право, туку циркус“, коментира опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ не сака право и сака криминалците да останат неказнети, па оттукa бараат од нив да заминат од власт.

Можеби ќе ве интересира

Маж од Кичево возел иако имал забрана за управување возило и удрил во малолетник, лишен е од слобода, возилото е одземено

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА “УПАДНА” ВО НОЌНИ КЛУБОВИ ВО ОХРИД И СКОПЈЕ: Полицајците тресеа познати локали – констатирано дека клубови точеле алкохол, а обложувалница примало малолетници

ДЕСК

Лишени од слобода 13 возачи за безобѕирно управување возило, од нив шестмина возеле без возачка дозвола

ДЕСК