Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Деветнаесетгодишен мопедист со тешки повреди заврши во болница

Вчера на улицата Маршал Тито во кочанското село Прибачево се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „рено“, управувано од Т.А.(34) од Кочани и мопед управуван од В.С.(19) од селото Прибачево, и двете со кочански регистарски ознаки.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот, кој бил пренесен во Јавната здравствена установа Кочани, соопшти МВР.

Увид на местото на настанот извршила екипа од Полициската станица Кочани.

Можеби ќе ве интересира

Од шверц до естетски интервенции: под истрага мрежа што го загрозувала здравјето на граѓаните

ДЕСК

ИЗМАМА ПРЕКУ ФЕЈСБУК: Лажно нудела станови, земала пари како капар

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА СО АКЦИЈА: Марихуана одземена во Кочани и Облешево

ДЕСК