21. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Наскоро трет мобилен оператор?

Министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски од денеска учествува на светската конференција – ITU Телеком, што се одржува во Будимпешта, каде ги промовира условите кои ги нуди Северна Македонија за влез на трет мобилен оператор.

Во рамки на официјалната посета, делегацијата предводена од Манчевски, соопштија од Министерството за информатичко општество и администрација, ќе оствари повеќе билатерални средби со високи претставници на Теленор, Orange, AT&T, како и со Дорен Богдан Мартин, директорка на Телекомуникациското развојно биро на ITU и Хулин Жао, генерален секретар на ITU.

Бизнис климата во Северна Македонија и можностите кои ги дава на располагање за странски инвеститори, министерот Манчевски ќе ги презентира и на тркалезна маса, каде ќе присуствуваат претставници на повеќе оператори од Европа, како и дел од најголемите банки и регулатори од областа на електронските комуникации.

Од Министерството за информатичко општество и администрација посочуваат дека податоците со кои Северна Македонија може да се пофали во областа на ИКТ се: 862 милиони евра – вредност на пазарот на ИКТ, четири отсто придонес кон БДП, 47 отсто раст на пазарот во изминатите пет години, 18.242 вработени во областа на ИКТ, над 600 дипломирани студенти на студии од областа на IT-технологии годишно, 945 евра месечно – просечна бруто-плата во секторот за телекомуникации, 8,2 отсто раст на пазарот за софтвери на годишно ниво, 84,7 отсто раст на пазарот за хардвери и 257 нови субјекти основани во 2017 година.

Можеби ќе ве интересира

Почна со работа новата хала на „Амфенол“ во Кочани

C +

„Божиновска и Колумбија: Заедничка визија за обновливи извори на енергија, енергетска ефикасност и поддршка на граѓаните од ранливите категории“

ДЕСК

Се живее се потешко – Повторно порасна минималната кошничка, за обичен живот на едно семејство потребни се 65.328 денари

ДЕСК