Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Форумот на жените на ДОМ: Најостра осуда за сексистичкиот фејсбук-статус на Стоилковски

Форумот на жените на ДОМ најостро ги осудува, како што велат од таму, сексизмот, потценувањето и дискриминацијата на жените врз основа на род во фејсбук-статусот на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.

„Излезе Заев со Нина Групировка за да си го претстави ребалансот… Сега е јасно дека со финансии министерува Заев, а Нина е џирло девојка – презентерка за владините светлечки јојоа и стомак-елиминатори“, стои во неговата објава.

Од Форумот на жените на ДОМ велат ваквиот говор на омраза е недозволив за кој било граѓанин, а особено за портпарол чија функција е да ги презентира ставовите на партијата.

„Конотацијата на текстот е навредлива не само лично за министерката за финансии туку, генерално, за жените. Ваквите сексистички содржини ги обесхрабруваат жените во нашето доминантно патријархално и конзервативно општество активно да се вклучат во политичкиот, економскиот и јавниот живот“, се наведува во реакцијата.

Според Форумот на жените на ДОМ, ваквите објави се дополнителен мотив за уште поинтензивно дејтсвување со цел реализирање на политиките за економско јакнење и зголемено учество на жените во политиката.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК