Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Рангелова од ВМРО-ДПМНЕ ја осуди објавата на Стоилковски за новата министерка

Претставничката на ВМРО-ДПМНЕ и поранешна претседателка на Унијата на жените на оваа партија, Даниела Рангелова, ја осуди објавата на својот партиски колега, портпаролот Наум Стоилковски, кој новата министерка за финансии ја нарече Нина Групировка.

„Излезе Заев со Нина Групировка за да си го претстави ребалансот… Сега е јасно дека со финансии министерува Заев, а Нина е џирло девојка – презентерка за владините светлечки јојоа и стомак-елиминатори“, стои во фејсбук-статусот на Стоилковски.

Рангелова во својата објава вели дека е остра критичарка на работењето на Владата и нејзините функционери, но дека најостро го осудува кој било сексистички напад врз секоја жена, без разлика на која било политичка партија да е членка или функционерка.

На крајот, претставничката на опозициската партија повикува да се задржи нивото на однесување и да престане говорот на омраза насочен кон жените.

Објавата на Стоилковски ја осудија и претседателката на Либерално-демократката младина (ЛИДЕМ), Моника Зајкова, и Форумот на жените на ДОМ.

Можеби ќе ве интересира

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +

Популарното дело на „Браво сине!“ и „Арс Ламина“ – „Бајки од Македонија“ влегува во образовната програма како редовна лектира 

C +

Изминатите два дена 1433 сообраќајни прекршоци, лишено од слобода 21 лицe за безобѕирно возење

C +