Centar.mk
КУЛТУРА

Во Кинотеката се одржа првата филмска вечер под отворено небо

Филмофилите синоќа имаа уникатна можност да уживаат во необична филмска вечер под отворено небо.

Во дворот на Кинотеката беа прикажани класичните филмови на 35 мм лента: првите филмови на браќата Лимиер од 1895 , „Кабинетот на доктор Калигари“, филм од германскиот експресионизам на Роберт Вине и „Македонска крвава свадба“ на Трајче Попов.

По поздравниот говор на директорот на Кинотеката, Владимир Ангелов, на посетителите им се обрати и д-р Атанас Чупоски, филмолог советник во Кинотеката, кој ги запозна пристуните со пионерските почетоци на филмот во светот.

Синоќешната ретрокино вечер под отворено небо беше само своевиден тест, со надеж дека наредното лето дворот на Кинотеката повторно ќе биде исполнет со бучењето на 35 мм проектор и со презентација на многу други класици на големото платно, велат од Кинотеката.

Можеби ќе ве интересира

Утре ќе биде промовиран „Немам страв“ – психолошкиот трилер што отвора ново поглавје за современата македонска книжевност

ДЕСК

Утре ќе биде промовирана монографијата „Време на прекршувања – време на Голи Оток“ од Виолета Ачкоска

ДЕСК

„Читаме денес за подобро утре“ – прва ваква зелена акција на издавачка куќа во Македонија

ДЕСК