Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Димитров во дводневна посета на Словенија

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, денеска и утре ќе учествува на Бледскиот Стратешки Форум, кој се одржува по 14-ти пат во Блед, Словенија.

Овогодинешното мото на Форумот гласи „Ресурси/извори на (не)стабилност“ (Re)sources of (in)stability, а дискусиите ќе бидат посветени на улогата на ресурсите/изворите во контекст на мирот и безбедноста, одржливиот развој и економскиот напредок.

Министерот Димитров ќе земе учество на панелот насловен „Западен Балкан – европеизација, демократизација, споделена одговорност” на кој ќе се осврне на европските перспективи на Северна Македонија.

На маргините на Бледскиот Стратешки Форум предвидени се неколку билатерални средби со свои колеги и други учесници на Форумот.

Можеби ќе ве интересира

„ПКУ Херои“ го одржа вториот камп за деца со фенилкетонурија и нивните семејства

ДЕСК

ЗИМАТА ТРОПА НА ВРАТА – Македонија ја очекуваат снег, дожд и силен ветер, температурите одат во минус

ДЕСК

РАСПРАВИЈА ЗА КРАВИ ЗАВРШИЛА СО ТЕШКИ ПОВРЕДИ – Нападната 67-годишна жена во кривопаланечко

ДЕСК