8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски на прес конференција обвини дека Македонија доживува економско фијаско

Премиерот Зоран Заев секоја година ја најавува како економска година, но напротив, доживуваме економско фијаско, обвини претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека е катастрофална реализацијата на капитални инвестиции од само 24,5%, а, како што вели, дека економијата е во слаба кондиција, покажувал и фактот што има пад на работници во индустријата од 2,5%. Според Мицкоски нереални се и амбициите за буџет поголем за 9,02% за разлика од оној во 2018.

Тој се осврна и на најавата дека Владата ќе го субвенционира зголемувањето на платите кај работниците за 100 евра, а фирмите ќе бидат ослободени од плаќање на придонесите за пенсиско, здравствено и социјално осигурување.

Лидерот на опозицијата потврди и дека има сознанија за злоупотребени средства од ЕУ-фондовите, но ќе почека најпрвин да дејствуваат надлежните институции.

На прес-конференцијата, од СДСМ реагираа со став: Мицкоски, уште многу треба да учи економија, ВМРО-ДПМНЕ не може да се помири што платите растат, а парите завршуваат кај граѓаните.