Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Вучиќ: Опозицијата сонува за македонско сценарио во Србија

Опозицијата го сонува македонското сценарио и му се моли на Бога дека исто како и Боки 13, ќе носат торби со по милиони евра и ќе им ги делат на обвинителите, чарлиевите ангели, кои би ги поставиле заедно со странците. Ова го изјави српскиот претседател за „Политика“, коментирајќи ги условувањата на српската опозиција во однос на најавите за бојкот на престојните избори во земјата.

„Тоа нема да се случи во слободна Србија, денешна Србија“, рече Вучиќ, пренесе „Б92“.

Српскиот претседател нагласи дека партијата која ја води секогаш била подготвена за дијалог, но никогаш за диктати наметнати од страна на опзицијата и меѓународните претставници.

„Тие фантазираат за формирање на преодни влади, за доаѓање на власт без избори и без одлука на парламентарното мнозинство. Србија е суверена земја и за таквите глупости можат само да ги сонуваат, а на власт ќе дојдат само кога ќе добијат мнозинската доверба на народот“, додаде Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира

Шасивари на средба со претставникот на Катар: Унапредување на соработката во правосудството

ДЕСК

Пример за чесност и граѓанска одговорност: 18-годишен делчевец пронашол лични документи и поголема сума пари и ги предал во полиција

ДЕСК

Лишени од слобода девет возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“, тројца возеле без положен возачки испит, а шест под дејство на алкохол

ДЕСК