Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Сончево и топло време

Времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од североисточен правец, информира УХМР.

Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната од 29 до 36 степени. Вредноста на УВ-индексот ќе биде 8.

Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со слаб до умерен североисточен ветер. Температурата ќе се движи од 16 до 35 степени.

Во следните денови продолжува периодот на стабилно, сончево и топло време со мала до умерена облачност. Наутро ќе биде по малку свежо, а дневната температура ќе биде во благо опаѓање. До недела ќе дува слаб до умерен претежно североисточен ветер, а потоа ветерот ќе биде променлив.

Можеби ќе ве интересира

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК

Николоски: Градежништвото расте со 7,2%, а градбата на патиштата и железницата со 20 % во првото тромесечје на 2026

ДЕСК