Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Опозицијата бара странец обвинител

Странец обвинител бара албанската опозиција.

Партиите Алијанса на Албанците и Беса, бараат странец да дојде столчето на Катица Јанева, а обвинителите да знаат и албански јазик.

Новиот Закон е неприфатлив за овие партии.

На денешната седница на Комисијата за европски прашања беа прифатени десетина амандмани кои беа предложени од политичките партии за предлог законот за Јавно обвинителство.

 

ВМРО ДПМНЕ доставиле 14 амандмани, а им беа прифатени само четири.

Од оваа партија побараа новиот обвинител да може да биде судија или адвокат, а да не мора да има само обвинителско искуство.

На ДУИ им беше прифатен само еден амандман, каде бараат користење на албанскиот во Јавното обвиниттелство, додека на СДСМ им беа прифатени пет амандмани.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК