Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Гостинката заедно со синот и сопругот го ограбиле домаќинот, му одзеле златен накит и пари

Обвинителството поведе постапка против три лица за кои постои сомневање дека во соизвршителство извршиле разбојништво.

„На 18 август оштетениот, 72-годишен жител на селото Равен ја поканил осомничената во својот дом. По неа за кратко време пристигнале нејзиниот син и невенчаниот сопруг. Тројцата осомничени физички го нападнале оштетениот и му одзеле пари и златен накит“, велат од обвинителството.

Заради обезбедување присуство на осомничените во текот на истражната постапка, јавниот обвинител кој постапува во предметот до судијата на претходна постапка во Основниот суд Гостивар достави предлог за определување на мерката притвор. Предлогот беше прифатен, по што судот на тројцата осомничени им определи притвор во траење од 30 дена.

Можеби ќе ве интересира

ТЕШКА НЕСРЕЌА СО ЕЛЕКТРИЧЕН ТРОТИНЕТ ВО СКОПЈЕ – 48-годишен маж паднал на велосипедска патека и завршил во болница

ДЕСК

ПОВТОРНО БЕЗ ДОГОВОР СО БУГАРИЈА – Историската комисија не постигна напредок

ДЕСК

ЗНАМ СЕ ЗАКАНИ СО ИЗЛЕГУВАЊЕ ОД ВЛАДАТА – Димитриевски постави услов за правосудниот испит

ДЕСК