Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Две деца спасени среде Скопје – биле заклучени во автомобил, итно се префрлени во болница

Синоќа во полицијата било пријавено дека на паркинг-простор на булеварот Видое Смилевски Бато во автомобил со скопски регистарски ознаки се наоѓале две деца кои биле заклучени.

Од страна на полициските службеници веднаш било интервенирано и децата се извадени од возилото и со возило на Итна медицинска помош се пренесени во комплексот клиники „Мајка Тереза’’.

Како што јави МВР, по преземени мерки од полициските службеници, пронајдени се двајцата родители на децата.

Известен е јавен обвинител и се работи на расчистување на случајот.

Можеби ќе ве интересира

Пензионер нападнат во Аеродром

ДЕСК

Гаши – Хаџиев: континуирана соработка меѓу Собранието и ПАБСЕК

ДЕСК

Со изложба на проекти за зелена енергија одбележан 1 Јуни-Меѓународниот ден на детето

ДЕСК