Centar.mk
КУЛТУРА

Петрунија се закити со уште една награда

Филмот „Господ постои, името ѝ е Петрунија“ на режисерката Теона Стругар-Митевска е награден на Меѓународниот филмски фестивал „Исток и Запад – Класика и авангарда“, во Оренбург, Русија.

Наградата „Златен сарматски лав“ за главна женска улога, заврши во рацете на актерката Зорица Нушева за улогата на Петрунија.

Ова е второ директно признание за извонредната глума на нашата актерка и веќе единаесетта награда за филмот на меѓународната сцена.

Можеби ќе ве интересира

Александар Видиновски: „На местото на настанот“ потсетува дека најтешките битки не се водат на фронтовите, туку во време на мир

ДЕСК

Промоција на книгата „На местото на настанот“ од новинарот Александар Видиновски вечерва во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“

ДЕСК

Објавена е книгата „Кодификаторите на македонскиот јазик“ од Димитар Пандев

ДЕСК