Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

„Левица“: Камчев, Јанева и Тредичи ќе си лежат само ако им суди работниот народ

Комплетното рушење на проектот СЈО креиран од меѓународната заедница и политичките елити СДСМ и ДПМНЕ, јасно демонстрира дека во актуелниот контекст институциите постојат само за да ги штитат богатите, без разлика на нивната партиска обоеност, велат во соопштение од „Левица“.

„Правната држава три децении е мртва, комплетно ја закопаа под земја, а таа со себе надолу ги влече само неимотните и сиромашните“, се наведува во партиското соопштение.

Од „Левица“ сметаат дека државата и судството функционираат експресно само кога треба да се казнат делата на сиромашните.

„Кога треба да се казнат кражбите на елитите од сиротиот народ, тогаш државата не само што не застанува во одбрана на угнетените, туку и ги помага угнетувачите и нивната волја ја преточува во неправедни закони кои комплетно ја легализираат кражбата и го потчинуваат работникот“, нагласуваат од политичката партија.

Од таму констатираат дека не може да има правна, а уште помалку праведна држава, додека нема народна власт.

„Ниту Камчев, ниту Јанева, ниту Тредичи нема да бидат казнети додека власта ја држат во раце луѓе од нивните кругови. Тие ‘ќе си лежат’ само ако работниот народ им суди, а не ако аболицирани криминалци ја користат власта за да аболицираат други криминалци“, велат од „Левица“ од каде порачуваат дека СДСМ, ДУИ и ДПМНЕ мораат да заминат во аналите на историјата.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски објави семејна празнична фотографија: Ова се празници на љубов, дарување и почитување

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА СНЕЖНА БАЈКА: Циклон носи многу снег во делови од Македонија – Врнежите почнуваат од Божиќ, детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Го празнуваме Бадник ден пред Божик – како огледало на годината што доаѓа

ДЕСК