8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

УХМР издаде метео предупредување: Следува силно невреме, а потоа голема промена

Денеска ќе биде Сончево со мала до умерена облачност. Попладне ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.. Локално процесите ќе бидат во форма на невреме со појава на град. УВ=7

Утре ќе биде променливо облачно, претпладне со повеќе сончеви периоди, а попладне претежно во северните делови со локален пороен дожд и грмежи. УВ=7

До вторник (27.08.) претежно во попладневните часови ќе има зголемување на облачноста со локален пороен дожд, грмежи и засилување на ветерот. Локално процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со појава на град.

Од среда следи период на стабилно и суво време.

Прогноза за 27.08.2019
Минимална температура: 11°C до 20°C
Максимална температура: 29°С до 37°C
Променливо облачно, попладне на запад со локален пороен дожд и грмежи. УВ=6

Прогноза за 28.08.2019
Минимална температура: 11°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 36°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб ветер од променлив правец. УВ=7

Прогноза за 29.08.2019
Минимална температура: 9°C до 18°C
Максимална температура: 28°C до 37°C
Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југоисточен правец. УВ=7