Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Објавувањето на доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дело

Истрагата за Рекет да се забрза, нема да успеат обидите на ВМРО-ДПМНЕ преку дезинформации да ги спаси криминалците и тајкуните, велат од СДСМ преку соопштение, реагирајќи на прес-конференцијата на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

Владејачката партија коментира дека белиот дворец на опозицијата е симбол на криминалот и корупцијата и продолжува со ширење на лажни вести и невистини, повикувајќи се на дезинформации објавени во медиуми, што говори за степенот на очај во ВМРО-ДПМНЕ.

„Попречување истраги, нарачување предмети и пресуди беше одлика на криминалниот режим на ВМРО-ДПМНЕ. Надлежните институции да откријат како исказот на еден од осомничените стигнал до медиумите, а Јавното обвинителство за гонење организиран криминал и корупција да се изјасни за веродостојноста на објавениот исказ. Објавувањето на вакви доверливи документи со цел да се поткопа истрагата е кривично дел, а доколку се докаже дека одредени медиуми свесно манипулирале со содржината на документот, мора да следува одговорност согласно правните норми“, велат од СДСМ.

Истовремено, додава владејачката партија, ова е уште потврда за потребата од забрзување на истрагата и лоцирање на сите вмешани во случајот Рекет. Нарачателите, извршителите и помагачите и сите вмешани, од прв до последен, да одговараат за своите постапки.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Платите во здравствените работници ќе пораснат во април, буџетот во здравство е приближно 1 милијарда евра, ќе инвестираме и во болници и клинички центри

ДЕСК

СДСМ: Бедните 7% за платите со кои мафта Мицкоски се веќе изедени од покачените цени

ДЕСК

СДСМ: Мицкоски му додели задачи на новиот јавен обвинител од собраниската говорница

ДЕСК