Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Промените во СДСМ се нова енергија за забрзување на напредокот, во белиот дворец на ВМРО-ДПМНЕ ништо не се менува

– Ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ.

Белиот дворец останува симбол на одбрана на криминалот, симбол на лажните вести и деструктивното однесување на штета на граѓаните и државата, велат од СДСМ.

– Опозициската партија предводена од Христијан Мицкоски останува длабоко заглавена во матрицата на Никола Груевски која сака да ја врати државата назад во темното минато на изолација и неизвесност.

Oбидите да се попречи правдата, да се закочат реформите, да се блокира интеграцијата во ЕУ и НАТО, се доказ дека ништо не е сменето во ВМРО-ДПМНЕ.

Од друга страна, СДСМ постојано се менува во интерес на граѓаните и државата. Последните промени во раководството на партијата се нова, дополнителна енергија за забрзување на напредокот.

СДСМ е препознаена како одговорна, државотворна партија која отвора шанс за младите.

СДСМ останува со граѓаните и продолжува да се менува во нивен интерес.

ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на деструктивната матрица и продолжува да делува по насоките од Будимпешта, се вели во соопштението на СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

Одлична можност за младите македонски граѓани кои сакаат да стапат во служба на Армијата, објавен е новиот Јавен оглас за прием на 300 професионални војници

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата во далекуводот Битола-Елбасан значи спасен проект од сигурно пропаѓање

ДЕСК

Претседателот на Собранието Африм Гаши и Народниот правобранител Фатон Сељами потпишаа Меморандум за соработка

ДЕСК