Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец загина при пад на кран кај зградата на ФФМ, оштетени се и две возила

Скопјанец на возраст од 56-години загинал при работен зафат на зградата на ФФМ во попладневните часови на 20 август.

Како што информираат од МВР, скопјанецот бил вработен во приватна фирма и извршувал работни задачи со кран на зградата на ФФМ, при што во еден момент паднал и добиените повреди починал на местото на настанот.

Лекар од брза помош констатирал смрт, а при падот на кранот биле оштетени и две возила „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки.

Увид извршила екипа од СВР Скопје, а за настанот бил известен државен трудов инспектор и јавен обвинител.

Можеби ќе ве интересира

НЕДЕЛА ПОСВЕТЕНА НА ВЕРАТА И МИЛОСРДИЕТО – Православните верници ги чествуваат Богородица Брзопослушничка и Света Матрона

ДЕСК

Филипче: Кошничката со кирија достигна 90.000 денари, а власта одбива минимална плата од 600 евра

ДЕСК

ПОЖАР ВО БОЛНИЦАТА „8 СЕПТЕМВРИ“ ВО СКОПЈЕ – Интервенирале пожарникари, нема повредени

ДЕСК