Centar.mk
БИЗНИС

СДСМ: Просечната плата во јуни е поголема 4,1 отсто

Продолжува трендот на раст на платите што е уште една потврда дека економијата е стабилна и поставена на здрави основи. Вака СДСМ ги коментира офцијалните податоци на Државниот завод за статистика, според кои просечната плата во јуни 2019 година изнесува 25.205 денари, што е 4,1 отсто повеќе во споредба со истиот месец во 2018 година.

Ова воедно претставува пораст на просечната плата за 1.002 денара за период од една година.

„Трендот на раст на платите продолжува и понатаму. Се отвори спиралата на раст на платите откако претходно имавме раст на минималната плата од 9.000 на 12.500, но и покачување на платите во повеќе сектори, предвидено со буџетот за 2019 година.

Истовремено, преку зголемената државна поддршка кон претпријатијата, раст на платите имаме и во приватниот сектор.

СДСМ преку Владата и парламентарното мнозинство што ги предводи останува посветено да работи на мерките што обезбедуваат економски раст, повеќе пари и повисоки плати за граѓните“, велат од СДСМ преку соопштение.

Можеби ќе ве интересира

Нови цени на горивата – нафтата на светските берзи достигна 105 долари

ДЕСК

Колку чини доларот, а колку еврото денеска – Курсна листа за 16-ти март 2026

ДЕСК

Се токмат нови цени на горивата во Македонија – Колкава ќе биде корекцијата на цените на бензинот и дизелот?

ДЕСК