Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ДОМ: Новиот правилник поттикнува развој на зелената економија

Новиот правилник донесен од Агенцијата за храна и ветеринарство овозможува фармерите и малите производители на храна од животинско потекло директно да ги пласираат своите производи до крајниот потрошувач, со почитување на одредените хигиенски критериуми, велат од ДОМ.

Партијата ги поддржува активностите кои Агенцијата во соработка со експертите и граѓанските здруженија ги планира за носење на ваков правилник и за малите производители на храна од растително потекло, со што верува дека ќе се комплетира поддршката на локалните производители на храна.

„Тоа придонесува за развој на зелената економија и отворање нови зелени работни места. Директно влијае на економското јакнење на локалните производители, поттикнување на традиционалниот начин на производство на храна, поголема понуда на овие производи и развој на руралниот и еко-туризмот. Најголеми се придобивките за локалното население, особено во недоволно развиените подрачја со што се создаваат можности за рамномерен регионален развој. Дополнително, со користење на локално произведена храна се намалува потребата од транспорт што влијае на намалување на аерозагадувањето и климатските промени“, велат од ДОМ во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК