Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Вчера 12 сообраќајни незгоди во Скопје

Изминатиот ден се случиле 12 сообраќајни незгоди во Скопје, во кои девет лица поминале со телесни повреди, информираат од полицијата.

Инаку, вчера биле преземени мерки и активности и констатирано е дека 43 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената. Од сообраќај се исклучени 14 возачи, од кои: еден возач затоа што управувал возило под дејство на алкохол и 13 затоа што управувале возила, без да стекнат право за управување моторно возило. Исто така, исклучени од сообраќај биле 13 возила бидејќи биле нерегистрирани.

Санкционирани се двајца возачи поради поминување крстосница на црвено светло, двајца возачи поради неправилно престројување, тројца возачи поради неправилно престигнување и 10 возачи поради користење мобилен телефон при управување возило. Во однос на пешаците, санкционирани се седум пешаци. Во текот на изминатиот ден издадени се 103 мандатни платни налози.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Од денеска зголемување на платите во образованието за нови 7,5%, што е дел од колективниот договор

ДЕСК

Гаши: Соживотот и дијалогот клучни за стабилноста во регионот

ДЕСК

Денеска и утре обилен дожд и силен ветер, од недела стабилно и потопло време

C +