Centar.mk
ЛОКАЛНО

Над 5 милиони денари за Битола од Владата за намалување на аерозагадувањето

Над 5 милиони, поточно 5.054.762 денари е издвоениот износ за Општина Битола, по реализираниот јавен повик на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, објавен од страна на Владата на 17 мај годинава.

Согласно јавниот повик за избор и рангирање на најзагадените градови/општини кои ќе бидат корисници на опремата од дел IV, точка 2 (2.1.1 – Горилници на плин (гас), АЦ Инвертер клими, ВРФ Систем, Топлински пумпи) од Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година (Службен весник на РСМ 18/19 од 28.01.2019 година), Комисијата за спроведување на постапката за избор на корисниците-градовите за реализација на Програмата за намалување на аерозагадувањето за 2019 година, одлучи да издвои 5.054.762 денари, за која вредност ќе биде набавена опрема, согласно доставените проекти.

Граѓаните дополнително ќе бидат информирани за објектот/објектите, за кои ќе биде наменета опремата.

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ДЕЛОВИ ОД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА – Објавени термините за Кисела Вода, Петровец и Сопиште

ДЕСК

ОБЈАВЕНИ РЕЗУЛТАТИТЕ ЗА ВОДАТА ВО СКОПЈЕ – Водовод извршил стотици анализи, еве што покажале испитувањата

ДЕСК

Во текот на викендот опожарени четири контејнери за одлагање комунален отпад

ДЕСК