Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Апсење во Чаир

Секторот за внатрешни работи Скопје- Единица за недозволена трговија поднесе кривичнa пријавa против М.Б.(23), поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ предвидено и казниво по член 215 од КЗ.

На 19.08.2019 од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија, по претходна судска наредба, извршен бил претрес на домот каде престојувал М.Б. во Чаир, Скопје. При претресот била пронајдена марихуана, чинија со остатоци од бела прашкаста материја и картичка со остатоци од бела прашкаста материја. М.Б е лишен од слобода во Полициската станица Чаир за понатамошна постапка.

Можеби ќе ве интересира

ВОЗНЕМИРУВАЛ ЖЕНА СО ПОРАКИ СО НЕДОЛИЧНА СОДРЖИНА – Кривична пријава против тетовец

ДЕСК

ФИЗИЧКИ НАПАД ВО ЦЕНТАРОТ НА СКОПЈЕ – 49-годишник пријавил инцидент

ДЕСК

Ѝ ЈА ОДЗЕЛЕ ЧАНТАТА СО ПАРИ И ДОКУМЕНТИ СО УПОТРЕБА НА СИЛА – Инцидент на Бит Пазар

ДЕСК