8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Променет сообраќаен режим на делницата Петровец-Катланово

Oд АМСМ информираат дека „Виадукт Трејд“ денеска ќе започне со изведување на градежни активности за поставување на електрично осветлување на крстосница Катланово на магистрален пат А1, делница Петровец – Катланово, во времетраење од 30 дена, за што ќе се изврши промена на режимот на сообраќај.