Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева чиј глас се слушна во снимките на италијанскиот „Ла Верита” за случајот „Рекет”, утре треба да се појави во Обвинителството за да даде исказ пред Вилма Русковска.
Јанева ќе сведочи откако во видеата на италијанскиот Ла Верита се слушна нејзиниот глас, како му вели на Орце Камчев „се ќе биде добро” за што се правдаше дека го барала како сведок во предпостапка.
До сега за случајот кој ја дрма македонската јавност и политичка сцена сведочеа обвинителките Лиле Стефанова која исто така беше спомната во снимките од страна на Орце Камчев, Елизабета Јосифовска и обвинителот Бурим Рустеми, како и шефицата на кабинетот на Јанева.
ЕМагазин објавува дека специјалната обвинителка во својот имотен лист доставен до Државната изборна комисија за спречување корупција, пријавила два стана во Скопје едниот од 68 метри квадратни, а другиот од 72 метри квадратни на име на нејзините деца, куќа во Гевгелија на свое име, земјоделско земјиште во Мрзенци и плац во Коњско, а и три возила, Ровер 45, Ауди А4 и Голф 4.
пријавила и депозити и кредитни картички на свое име и на децата, како и кредити.
Ова е целиот имотен лист.