Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Младо момче од Скопје почина во бизарна несреќа

Дрво му паднало на главата и починал на лице место. Скопјанец почина во бизарна несреќа во Ресен за време на викендот.

МВР информира дека во 15,40 часот во Полициската станица Ресен од Итната медицинска помош било пријавено дека во село Брајчино, при сеча на дрва едно дрво го удрило во пределот на главата 27-годишниот И.С. од Скопје.

Од страна на лекар констатирана била смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Можеби ќе ве интересира

ЗАКАНИ СО ОСТАР И ТВРД ПРЕДМЕТ ВО КАРПОШ – На 15-годишник му одзеле лични предмети

ДЕСК

УАПСЕН 27-ГОДИШНИК ВО ДРАЧЕВО – Пријавен за напади врз патници, возач и полицајци

ДЕСК

УДРИЛ ВО ВОЗИЛО НА МВР И НАПАДНАЛ ПОЛИЦАЈЦИ – Кривична пријава против 27-годишник

ДЕСК