13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Видео) Градежна офанзива низ Скопје – Вечерва Градоначалникот Петре Шилегов во обиколка на градежната акција

Македонија станува едно големо градилиште. Патиштата се асфалтираат како никогаш досега. Парите наместо за луксузни вечери, балови, камења, мермери, стиропор и жални врби, сега се пренасочени кон ревитализирање на патната мрежа низ Македонија.

Градоначалникот на Град Скопје, вечерва посети неколку улици кои забрзано се градата.

Ул. Индира Ганди – 6 нови водоводни водови за квалитетна вода за пиење за граѓаните на општина Шуто Оризари. Прекопите се вршат пред завршното асфалтирање во рамките на целосната реконструкција на улицата.

На улицата Февруарски поход вечерва се вршеше ноќно обележување на сообраќајницата, по целосно завршување на реконструкцијата.

Булевар Кочо Рацин

Инаку од саботата околу 19 часот стартуваше реконструкцијата на раскрсницата на бул.Кочо Рацин кај Црвен крст.

Градежните работи ќе се одвиваат без престан 36 часа, со цел во понеделник наутро раскрсницата целосно да е проодна и сообраќајот да се одвива без застој во центарот на нашиот град.

– Реконструкцијата на целиот булевар, очекувам да заврши во текот на наредната недела. Благодарност за разбирањето. Мостот Гоце Делчев целосно се завршува викендов. Во текот на понеделник се очекува непречено одвивање на сообраќајот на тој дел од градот, вели Шилегов.

Во Центар градежна офанзива, над 10 улици, тротоари и игралишта, се гради по план

– Реконструираме коловози, обновуваме атмосферска, фекална и водоводна улична мрежа, а резултатите се повеќе од видливи.

Во рекордно време завршивме со реконструкција на улицата „Рилски Конгрес“- Локалитет Тасино Чешмиче во Општина Центар, која заради големите оштетувања на асфалтниот слој ја загрозуваше безбедноста на возачите и пешаците, порача Горан Герасимовски, Претседател на ОО СДСМ Центар.

https://www.facebook.com/148427235188637/posts/2580998128598190/

– За само една недела улицата беше вратена во функција, целосно подготвена за безбедно одвивање на моторниот и пешачкиот сообраќај.

Во моментов се работи на реконструкција на „Ганчо Хаџипанзов“, „Караорман“ на Водно и паркингот на „Палома Бјанка“, а во тек се и подготовките за отпочнување на уште еден капитален проект вреден 28 милиони денари.

Станува збор за изведба на три крака на улицата „Новопроектирана“ во Капиштец со вкупна квадратура од 2.336 м2 со што улицата „Козара“ ја пробиваме кај ТЦ „Зебра“.

Оваа наша социјалдемократска офанзива е во насока да ги затвориме инфраструктурните проблеми во општината и конечно да воспоставиме нормален проток на сообраќај, безбеден за сите учесници во сообраќајот.

Затоа, многу скоро започнуваме и со реконструкција на улиците „Велешка“,„Петричка“ и „Мирче Оровчанец“ како и на трите улици „Донбас“, „Андон Дуков“и „Алберт Ајнштајн“ во населбата Дебар Маало.

Со тоа, за само неколку месеци во нашата општина ќе бидат реконструирани над 12.000m2 улици.
Паралелно со овие проекти, работевме и на изградба и обнова на детски и спортски игралишта.

Двете детски игралишта во градинката „13 Ноември“ и Блок 9 во Градски Ѕид се веќе завршени, а третото зад Агромеханика е во завршна фаза.

Целосно ја заменивме подлогата и поставивме нови реквизити, а пред стартот на новата учебна година, комплетно го обновивме и спортското игралиште во кругот на училиштето „Кочо Рацин“ на Водно., рече Герасимовски.

Спонзорирано: