Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Продолжува гаснењето на пожарот над скопските села

Пожарот кој вчера изби над скопските села Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци, синоќа беше делумно ставен под контрола, а за денеска беше најавено негово догаснување. Центарот за управување со криза вчера на Фејсбук објави дека во текот на ноќта ќе има дежурни екипи за евентуално ширење на огнот.

„Пожарот над с.Буковиќ е локализиран. Активен е делот од пожарот помеѓу селата Ласкарци и Раовиќ. Во текот на ноќта ќе има дежурство од страна на БППЗ на Град Скопје за евентуално проширување на пожарот кон селата. До сега е зафатена површина од околу 100 хектари, а со интервенцијата ќе се продолжи во текот на утрешниот ден“ објави Центарот за управување со кризи на својата Фесбук страница.

Пожарот избувна вчера утрото околу 10 часот на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена беше дабова и деградирана шума.

Во гаснењето на пожарот што беше отежнато поради непристапниот терен и ветрот, беа вклучени три противпожарни возила, неколку вработени во ЈП „Национални шуми“, а беше вклучено и месното население.

Можеби ќе ве интересира

АХВ откри голема измама: Купувале сирење со 20% маст, добиле производ со 1%

ДЕСК

ШЕСТ ЛИЦА ОД БИТОЛА ОСОМНИЧЕНИ ЗА ОРГАНИЗИРАНО ДЕЈСТВУВАЊЕ: Жртвите биле снимани и понижувани – биле терани да даваат изјави дека се “педофили”

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СИЛЕН ВЕТЕР, ОД ЧЕТВРТОК НЕВРЕМЕ: Пороен дожд, грмежи и можен град

ДЕСК