3.8 C
Скопје
19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

СДСМ: На ВМРО да им биде јасно дека секој ќе одговара и правда ќе има

Залудни се обидите на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ги загрозат случаите што се водат против криминалите на режимот и тајкуните создадени во тоа време. Ова го велат денеска од владејачката СДСМ.

– Очигледно е дека на ВМРО-ДПМНЕ се појасно им е дека одбраната на криминалот е едноставно невозможна. Но, колку и да е неприфатлива за ВМРО-ДПМНЕ , борбата против криминалот и корупцијата е бескомпромисна, ова е правна држава и законите важат за сите подеднакво. Сите отворени предмети како Титаник, Тврдина, Таргет, Транспортер, ТНТ, Талир, Империја и многу други мора да се расчитат до крај. Секој, без разлика на функцијата што ја извршува или извршувал, ќе одговара доколку се докаже дека постапувал незаконски, вклучително и за функционерите на ВМРО-ДПМНЕ и криминалниот октопод раководен од Будимпешта, велат тие.

Додаваат дека правда мора да има. Тоа е во интерес на државата и граѓаните.