Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев – Хан: Институциите се должни брзо и ефективно да ги расчистат актуелните случаи

Премиерот Зоран Заев во телефонски разговор со еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вчера попладне го информирал комесарот за напорите и мерките кои Владата активно и интензивно ги презема за борба против корупцијата и организираниот криминал, вклучувајќи го и случајот „Рекет“, соопшти владината прес-служба.

Заев ја потврдил цврстата одлучност на Владата за целосно и неселективно расчистување на сите случаи на висока корупција, уверувајќи го комесарот Хан дека се создадени услови за институциите од судството и обвинителството активно и непречено да се борат против криминалот и корупцијата.

Двајцата се согласиле дека институциите на системот се должни во брза и ефикасна постапка да ги расчистат актуелните случаи, но и без одлагање да ги процесуираат предметите кои произлегуваат од незаконското прислушување од минатото.

Премиерот Заев и комесарот Хан, исто така заклучиле дека мора да продолжат напорите на политичките партии за усвојување на Законот за јавно обвинителство во Собранието, како и дека заедничка цел на сите политички фактори треба да биде позитивна одлука за почеток на преговорите на ЕУ со Северна Македонија во октомври оваа година.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК